Заев: Вардар пишуваш историја

by Fokus 22:42
22:42

Премиерот на државата, Зоран Заев ја честита големата победа на ракометарите на Вардар над ракометниот гигант Барселона, на вечерашниот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони што се одржа во Келн, Германијa.

– Во име на граѓаните на Македонија изразувам голема благодарност до ракометарите на Вардар за огромниот успех. Испишавте историја во ракометот и спортот во Македонија! Сите ние сме горди на вашата тимска игра и спортскиот дух. Македонија е со вас! Среќно на утрешното финале – е пораката на премиерот Заев до ракометарите на Вардар.

- Advertisements -

Македонскиот шампион утре од 18 часот во финалето ќе се сретне со ПСЖ.

Поврзани новости