Заев: Утврдивме 70 отсто од кандидатите за градоначалници, во Арачиново ќе настапиме со Халими

by Фокус

Митие Хаилими ќе биде кандидат за градоначалник на Арачиново од редовите на СДСМ, објави денеска партискиот лидер и премиер Зоран Заев, за време на денешната посета на оваа општина во скопскиот регион.

-Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општестово. Ќе настапиме со жена Албанка Милитие Халими, човек кој со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добие поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново – изјави Заев.

Тој рече и дека 70 отсто од кандидатите на СДСМ за градоначалници веќе се утврдени, а уште се во тек преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери.

Поврзани новости