Заев утре ќе се сретнe со Вучиќ на граничен премин

by Фокус

Премиерот Зоран Заев утре на граничниот премин Табановце-Прешево ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што информираа од владината прес-служба, Заев и Вучиќ ќе ја најават имплементација на проектот за заедничко гранично управување – One Stop Shop.

Инаку, Заев кон крајот на минатата година беше во официјална посета на Белград, која следуваше откако Србија го повика целиот персонал во амбасадата во Скопје на итни консултации, поради, како што тогаш објасни Вучиќ, разузнавачко дејствување против Србија.

Поврзани новости