Заев: Уставното име не е С.Македонија, туку Северна Македонија

by Fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека за владеачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што не се употребува уставното име во истата.

– Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, уставно треба да стои Република Северна Македонија. Секоја резолуција има преамбуила, а таму е избегнато уставното име. Значи не С.Македонија туку Северна Македонија, рече Заев

Премиерот додаде дека Македонија ќе реагира за ословувањето како „северномакедонци“ од страна на Слави трифунов, чија партија „Има таков народ“ победи на парламентарните избори во Бугарија и дека очекува за брзо време да започне имплементацијата на патоказот.

 

Поврзани новости