Заев: Успехот на ракометарите е мотив да се инвестира повеќе во спортот

by fokus

Премиерот Зоран Заев им ја честиташе шампионската титула на ракометарите на Вардар и изјави дека нивниот успех е мотивација за новата Влада да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот и за дополнително предлагање закони кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за спортистите.

„Успехот кој го постигнавте е многукратно поголем за промоција на Македонија, од сите амбасади и економски промотори“, рече премиерот Зоран Заев, пред ракометните шампиони од ракометниот клуб Вардар, кои денеска имаа прием во премиерскиот кабинет.

Од името на Владата, тој на ракометарите им врачи свечена плалета, а сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, на премиерот му даде еден од шампионските златни медали.

Поврзани новости