Заев: Убаво ќе биде кога ќе видите како детенце со епилепсија веднаш станува нормално по употреба на масло од канабис

by fokus

На денената седница за пратенички прашања, премиерот Зоран Заев одговори на прашање на пратеникот Антонио Милошоски за бизнисот на фамилијата Заеви со канабисот.

„Ништо тајно не работи Владата. Минипулација е да се зборува за дрога. Моето семејство има  своја инвестиција во Свети Николе. Се вработува народ а вредноста е поголема од 100 милиони евра. Пазарот на медицински канабис е 500 милиоони евра и се очекува да стигне над трилиони заради употреба на медицината. Убаво е кога ќе видите детенце со епилепсија веднаш станува нормално со употреба на канабис. Зборувавме за инвестиции“, истакна Заев.

Поврзани новости