Заев: Убаво би било и опозицијата да стои со нас на соопштувањето на евентуалниот договор со Грција

by fokus 19:39
19:39

Преммиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека е оптимист за договор со Грција за името и дека се надева дека неговиот оптимизам ќе се уствари утре на новиот телефонски разговор со Ципрас.

-Разговаравме еден час, се работи за историски договор за нешто што е вредно да го има целото наше внимение. Остана утре повторно да се слушнеме. Веројатно мојот оптимизам ќе се оствари, се надевам дека тоа ќе биде утре. Не само желбата, туку и стручност на многу луѓе и институции кои беа дел од преговорите. Редот е двајцата премиери истовремено да го откриеме договореното. Ако се постигне договор, граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум. Ако имаме договор, ќе ги договориме деталите како ќе го соопштиме, убаво би било сите политички чинители да стоиме заедно и ќе сторам се секој да го поканам и очекувам позитивен аспект од опозицијата, рече Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости