Заев: Централната власт има намера да се развластува

by fokus

Централната власт има намера да се развластува, да ги пренесува надлежностите колку што е можно поблизу до граѓаните, најави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев вечерва од Кавадарци.

-Ќе ги вратиме месните урбани заедници, тие ќе бидат повторно правни субјекти со печати и право на одлучување. На собири на граѓани ќе ги носиме одлуките внимателно, ќе ги слушаме граѓаните кои ќе ги даваат приоритетите. И она што е најважно за нив, советниците и градоначалникот тоа ќе го преточуват во годишен буџет и ќе работат она што граѓаните го укажуваат, ќе бидат сервис и слуга на граѓаните. Исто така, крајот на 2020 година општините ќе добијат над 95 милиони евра, согласно владината програма за рамномерен регионален развој, нагласи Заев.

Според него, од политичарите зависи во кој правец ќе се движат и општините и државата. Тој додаде дека завршило времето на нечесни политичари и нечесни политики.

Поврзани новости