Заев: Цели 7 часа европските лидери дискутираа за нас, ние ја посакуваме Европа!

by Fokus

Не треба да се губи надежта и треба да се продолжи со чекорењето по вистинскиот пат, за вредностите кои ги нуди европа.

„Тоа што се случи е внатрешно прашање во Франција. Верувам дека и Франција и ЕУ ќе го надминат тоа прашање. Јас буквално ги молев лидерите да не ги згаснат ѕвездичките, оти ако ги згаснат, ќе се изгубиме во мракот. Немаме друг пат. Ние ја посакуваме Европа, заради вредностите. Заради тоа што овде ќе биде како во Европа. Тоа мора да го продолжиме. Дури 27 лидери беа за Северна Македонија. Тоа не треба да не обесхрабрува. ЕУ е создадена со смисла, причина, за да биде силен партнер, наспроти америка, кина, целиот свет. За нас дискутираа 7 часа. Ни се јавија сите дипломати и канцелари, да не охрабрат. ЕУ има интерес да ги надмине дилемите коишто постојат“, истакна Заев.

Поврзани новости