Заев: Странски амбасадори одлучија да останат за време на кризата наместо да одат дома

by Фокус
Банките мора да пресметуваат камата за време на одложувањето на исплатата на кредитите, меѓутоа ние бараме таквата камата да биде намалена, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во Само интервју на Канал 5.
-Пред владата постои можноста да донесе Уредба и да им наложи на банките, главницата и каматата да ја одложат најмалку три месеци, но граѓаните треба да знаат дека банките кредитите ги даваат од штедните влогови на други граѓани и дека за тие штедни влогови исплаќаат камати. Ако не исплаќаат камати, граѓаните ќе ги повлечат штедните влогови и ќе се сруши банкарскиот систем. Затоа им е оставено на банките да одлучуваат и секаде и во Србија, Хрватска, Црна Гора, каматите се пресметуваат додека трае одлагањето. Ние бараме таквата камата да биде намалена – рече Заев.
Тој истакна дека земјава добро се справува со пандемијата од корона вирусот, а еден од показателите за тоа е фактот што, истакна лидерот на СДСМ, многу амбасадори одлучиле да останат овде наместо да заминат во матичните земји.

Поврзани новости