Заев со владина делегација учествуваше на главната дебата на Генерално Собрание на ОН

by fokus

Во работата на генералната дискусија на 74. издание на Генералното собрание на Обединетите нации, што почна денеска, учествуваше владина делегација од Северна Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, и министрите за надворешни работи, здравство и за животна средина и просторно планирање Никола Димитров, Венко Филипче и Насер Нуредини.

Генералното собрание на ООН почна со свечен дочек на шефовите на држави и влади и шефови на делегациите од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев со сопругата Зорица присуствуваше на свечениот прием што го приреди генералниот секретар Гутереш, по што следуваше отворањето на генералната дискусија „Забрзување на мултилатералните напори за елиминирање на сиромаштијата, за квалитетно образование, за климатска акција и за инклузивност“.

Според најавата, премиерот Заев денеска ќе оствари повеќе билатерални средби и ќе присуствува на приемот што за шефовите на делегациите на Генералното собрание на ОН го приредува претседателот на САД Доналд Трамп, како и на приемот на Европската Унија каде што домаќин е претседателот на Европскиот Совет Дoналд Туск.

Поврзани новости