Заев со селфи од Лондон: Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани!

by fokus

Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од демократскиот светм, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од…

Publiée par Zoran Zaev sur Mardi 3 décembre 2019

-Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70-тиот роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани, додаде Заев.

Премиерот ја предводи владината делегација денеска и  утре на лондонскиот Самит, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Поврзани новости