Заев: Со „разбирам шефе“ не се станува претседател, туку послушник!

by Фокус 11:16
11:16

Со “разбирам шефе” не се станува Претседател на Република Македонија, туку послушник. Ние тоа повеќе не смееме да го дозволиме, тоа не ни личи на нас. Ѓорѓе Иванов му личи на Груевски и нему му служеше сите овие години. Стево е оној кој што и доликува на Македонија. Стево е човек кој ќе и каже на која било власт доколку не работи во интерес на граѓаните на Македонија, порача Заев од Куманово.

Тој и пред кумановци уште еднаш го повика премиерот Никола Груевски да прифати јавно соочување.

- Advertisements -

-Груевски прифати дуел. Да поразговараме и за нашиот концепт за средната класа и за твојот коценпт за панамска Македонија. Да те прашам за 8-те милјарди евра странски инвестиции, за продажбата на ОКТА, за офшор компаниите, за Субрата Рој.. Дојди Груевски на дуел да те прашам и за среќата што им ја украде на граѓаните, рече Заев.

Поврзани новости