Заев со нова, многу остра порака до Груевски!

by Фокус 11:54
11:54

Груевски, оние коишто се обидоа да го покажат твоето вистинско лице гнијат по затворите. Постои сомнеж дека некој поради тоа дури и не е меѓу живите. Знај дека тоа нема да ме уплаши и нема да ме спречи да ја извршам до крај својата пред се’ граѓанска должност, му порача вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев на премиерот.

– Го објавив доказниот материјал за твојот криминал поврзан со продажбата на „Македонска банка“ затоа што така треба! И никако поинаку! И да не бев политичар и да не бев лидер на најголемата опозициска партија и да не не’ чекаа избори, ќе го сторев тоа без размислување.
Ќе го стореше тоа кој било совесен граѓанин на Македонија кој искрено ја сака оваа наша земја, бидејќи тоа е човечко право и обврска. Правдањето дека снимката од телефонскиот разговор е монтажа, е само купување време до моментот кога експертизата ќе ја покаже веродостојноста на материјалот – рече Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости