Заев со клучни моменти од Преспанскиот договор: Со Ципрас бевме сами два часа и си ја отворивме душата

by Fokus

И Договорот од Преспа беше тема на разговор на денешното готување на екс-премиерот Зоран Заев кај Жаре во „Еден на еден“.

Тој даде само мали детали за клучните моменти од потпишувањето на овој историски договор.

„Бевме сами со Ципрас два часа и тогаш ја отворивме душата. Тука сфативме дека имаме желба за решавање. Тогаш Ципрас искрено ми рече: Зоран, името треба да биде сложено и да има географска одредница во него. Јас го прашав: Ципрас, како се чувствуваш ти. Тој ми рече дека се чувствува како Грк. Епа, му викам, остави ме да сум Македонец“, истакна Заев.

Поврзани новости