Заев: Со Груевски барем имаше муабет, Мицкоски е изгубен во вселената

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 го коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Човекот е изгубен во вселената. Сум разговарал со него. И со Груевски сум разговарал. Тука имаше муабет, знаеш на што си, го постигнавме Пржино и друго. Што сум договорил со Мицкоски во изминатите три години? Ништо. Ни Преспански договор, ни закон за ЈО, ништо. Пратеничките групи договорија некои закони, затоа што се европски закони. Човеков преговара за да не се договори, вели Заев.

Поврзани новости