Заев смета дека Југославија нè држела разделени со Бугарија

by Fokus

Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС рече дека Бугарите не се фашисти, туку наши пријатели, додавајќи дека политичарите од поранешна Југославија ги држеле Бугарија и Македонија разделени.

„Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивша Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик? Политичарите од поранешна Југославија не држеа разделени“, истакна Заев.

Поврзани новости