Заев: Смената на генерации е многу здрава, јас најавив – премиер до два мандати

by fokus

Смената на генерациите е многу здрава и досегашните кадри на партијата и натаму имаат уште многу да дадат и како дел од партијата и од државните функции кои ги имаат, изјави  премиерот и претседателот на СДСМ , Зоран Заев.

-Се работи за нормална, логична смена на генерации, дел од таа смена на генерации е и мојата позиција. Јас сум најавил до два мандати премиер, согласно тоа и претседател на СДСМ. Секако, добив чест на непосредни избори во март за втор мандат од премиерскиот дел, а третиот мандат претседател на партија. Сработија многу овие луѓе кои веќе не се на позиции, имаат сериозни државни позиции и имаат многу што да сработат. Обновувањето на енергија, нови идеи дава можност да секој напредува во партиско политичка кариера, да наметне свои погледи, визии, експертизи, а секако и да го шириме кругот на активни луѓе, изјави Заев во гостувањето на дневникот на Јавниот сервис.

Лидерот на СДСМ детално појасни дека во новите високи партиски органи доминираат младите и тоа ја дава потребната нова енергија, но, вели, досегашните кадри уште многу ќе придонесуваат за успесите и на партијата и на државата.

-Досегашните високи функционери се мои добри другари и тие продолжуваат заедно да работат, Радмила Шекеринска во Министерството за одбрана и тоа како има уште многу што да работиме со Армијата, членството во НАТО е сериозен успех којшто го постигнавме под нејзино раководство на одбраната. Но, нашата Армија во издигнувањето на нејзиното достоинство, дигнитет, операбилност, подготвеност е нешто на кое што уште многу што треба да работиме. Коста Петров е директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Мухамед Зеќири генерален секретар на Влада и таму има многу задачи и работа, подвлече Заев.

Тој го оцени 26. Конгрес на СДСМ како исклучително успешен, со нова енергија, додавајќи дека сега граѓаните со право ќе чекаат резултати од нивите кадри.
-Направивме една промена на генерациите, сега ги вградивме и добија шанса да бидат креатори на политики. Сето тоа ја позиционира СДСМ на едно многу повисоко ниво. Не е доволно тоа, сега луѓето ќе чекаат резултат од таквите нови кадри, но не е само новата политика на СДСМ во новите кадри. Новите политики за нас значат уште посериозно фокусирање кон зелената агенда тоа е еден од главниот приоритети но и сериозен потенцијал за инвестиции во нашата земја пред се заради економски кревање на стандардот. Дополнително фокусирање кон работниците кон земјоделците, кон стечајните работници затоа што таму има уште една категорија која се уште не е опфатена со сегашните решенија односно свртување кон левичарските политики, затоа што сме левичарска партија, посочи Заев.
Тој истакна дека СДСМ и Владата се водат по примерите на развиените држави како Португалија и Шведска и тоа што таму дава резултат, вели, треба да се примени и во нашата држава доколку е применливо и во нашите околности.
-Сакаме нашите граѓани да го доживеат тоа, за да доживеат повисок стандард, повисок квалитет. Сето тоа е дел од новите политики, заклучи претседателот Заев.

Поврзани новости