Заев: Слушам пак списоци во Велес правеле, ние не сме глупави, знаеме

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера на митингот во Велес рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.

Тој повтори дека ќе има чистка по претседателските избори.

– Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим, рече Заев.

Поврзани новости