Заев следната недела ќе се сретне со австрискиот канцелар Курц и полскиот премиер Моравјецски

by Фокус 10:17
10:17

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни официјално ќе ја посети Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

- Advertisements -

Во Варшава, пак, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Полска, Матеус Моравјецски.

Поврзани новости