Заев: Скапиот мерцедес на Груевски е изгребан од мачки

by fokus

Премиерот Зоран Заев, на гостувањето во МТВ 1, на прашањето од новинарите која ќе биде судбината на скапиот мерцедес рече дека нема намера тој да се вози во него, ниту пак, кој и да е министер.

– Набавната цена на „мерецедесот“ е 580.00 евра, ако го продадеме, нема да му земеме повеќе од 440.000 евра. Најверојатно ќе го користиме само за високи, меѓународни делегации. Тој е оставен во гаража, уништен, изгребан од мачки. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓаова прескапо возило – рече премиерот.

Поврзани новости