Заев: Сите сме здружени, само Мицкоски никако да донесе одлука

by fokus

Премиерот Зоран Заев од вечерашната трибина од Крива Паланка порача дека сите сегменти од општеството се здружени за референдумот, само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ никако да донесе одлука.

-Кога народот има пари, живее економијата во државата. Синдикатите велат ќе има поголеми работнички права, поголеми плати. Затоа и синдикатите се за. Затоа сите сме здружени. Се уште, мојот опонент Мицкоски никако одлука да донесе. Вели дека е за ЕУ и НАТО. Сите знаат дека без Договорот со Грција нема ЕУ и НАТО, рече Заев.

Поврзани новости