Заев: Што ќе се смени ако го одложуваме пописот?

by Fokus 12:30
12:30

Пописот е статистичка операција што мора да ја направиме, тоа е наша должност, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој коментирајќи го повикот одопозицијата за негово одложување, праша што ќе смени доколку пописот се одржи во мај следната година.

– Пописот е од 1 до 21 април како што е предвиден и тој треба да се заврши. Иако се испрати апел дали треба нешто да се промени, уште еднаш повторувам – летото никаде не се прави попис, септември е кампања за избори, октомври се редовните локални избори. Ако одложуваме, кога? До мај да одложуваме? Што ќе смени тоа? Така што треба да се фокусираме сите одговорно да излеземе да го завршиме пописот, рече Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

- Advertisements -

Премиерот потенцира дека пописот е граѓанска обврска на сите што е јасно утврдено по закон.

-Ако сме држава треба и државнички да се однесуваме и државните постулати да ги поставиме. Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, повтори Заев.

Тој рече дека се отворени за сите прашања низ дијалог да се решаваат работите и оти е убаво секојпат да се гради консензус таму каде што е возможно. Но, тој повтори дека 20 години Република Северна Македонија нема попис.

Поврзани новости