Заев, Села и Гаши утре ќе го договараат Законот за државјанство

by fokus

Утре треба да бидат познати законските олеснувања за добивање македонско државјанство. Решението ќе се бара на лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерите на втората по големина опозициска коалиција, Зиадин Села и Африм Гаши, објави телевизија Телма.

За почеток, двете страни се согласни дека новиот закон нема да значи стекнување со државјанство со изјави на тројца сведоци, што беше првичниот предлог на Алијанса-Алтернатива.

Минатава недела, премиерот Заев најави дека најверојатно ќе се предвидат 10 до 15 услови за решавање на статусот на лицата без државјанство. Нејасно е дали познавањето македонски јазик ќе биде задолжително или лидерите ќе се договорат да биде прифатлио и знаењето само на албанскиот.

Поврзани новости