Заев: Секој што се огрешил пред законот мора да одговара, убеден сум дека тоа време доаѓа

by fokus

Премиерот Зоран Заев во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски рече дека не смее да има недопирливи и законот мора да важи еднакво за сите.

-Нема недопирливи и не смее да има. Денеска во Македонија слободно се кометнира, а власта знае да се повлече. Ако еден се огреши, мора да замине од власт. Фирмите на Заеви постојат повеже од 30 години. Треба де зборуваме за иднината на граѓаните и да работиме за нив без разлика дали сме власт или опозиција. Жал ми е што опозицијата не дава идеи. Законот мора еднакво да важи за сите, секој што ќе се огреши мора да одговара. Јас сум убеден дека тоа време доаѓа, после 11 години не можете се наеднаш да промените. Сите треба да одработиме заедно за државата, рече Заев.

Поврзани новости