Заев се сретнал со Ахмети и разговарале за недобивањето датум

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврдуваат партиски извори за МИА.

Оттаму велат дека на средбата се разговарало за актуелната состојба поврзана со недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Истите извори брифираат дека Заев и Ахмети ја истакнале посветеноста за унапредување на процесот на реформи во пресрет на зачленувањето на државава во НАТО.

Дел од медиумите јавија дека Ахмети го убедувал Заев да не поднесува оставка и да не брза со носење одлука.

Претходно, Владата информираше дека премиерот спроведува интензивни консултации на различни нивоа и оти одлуките ќе се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните.

Поврзани новости