Заев се сретна со Ципрас: Преспанскиот договор не е само за името, туку за стратешко партнерство

by Фокус

Македонскиот премиер Зоран Заев во завршницата на својата дводневна работна посета на Атина вечерва се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза, Алексис Ципрас. Како што соопштија од владата, на средбата стана збор за имплементацијата на Договорот од Преспа кој, како што велат од таму, во 2018 година направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги откочи евроатланските процеси на Република Северна Македонија.

„Во таа насока, на средбата беше истакнато дека Република Грција и во европските интеграции на нашата земја останува силен партнер, поддржувач и лобист за успешна завршница на овој процес. Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји. Особено значајно е што во претстојниот период се очекуваат значајни политички одлуки за олеснување на иницијативите на бизнис заедниците меѓу двете земји како што се договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите“, стои во владиното соопштение.

Поврзани новости