Заев се сретна со Георгиевски: Награда за успехот зголемена на 42 илјади евра

by Fokus

Премиерот Зоран Заев се сретнал со сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски и му честитал за успехот на Олимписките игри во Токио, соопштија од Владата додавајќи дека на последната владина седница одлучиле да ја зголемат паричната награда за 800.000 денари и таа сега изнесува 2.600, 000 денари (околу 42.000 евра) од кои два милиони се од Владата, а 600.000 од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

На приемот кај Заев, Георгиевски бил придружуван од неговите тренери, Дарко и Борче Костовски.

-На средбата, премиерот Заев му се заблагодари на Дејан Георгиевски за радоста што им ја донесе на граѓаните на земјата од Токио и истакна дека Дејан е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат, велат од Владата.

Заев потенцирал и дека АМС ќе ги унапреди условите за теквондо и другите олимписки дисциплини со оглед дека постои голем интерес кај младите за тренирање.

Сребрениот медал во теквондо, Георгиевски го освои категоријата над 80 килограми.

Поврзани новости