Заев се сретна со чешкиот амбасадор Томан

by fokus

Продолжува соработката меѓу Северна Македонија и Чешка, со интензивирање на мерките за совладување на здравствената криза, но и во насока на зголемување на инвестициите за поттикнување на економскиот раст е главната порака од денешната средба во Скопје меѓу премиерот Зоран Заев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан, кој му честиташе за неговиот реизбор  и му врачи официјално писмо-честитка од неговиот чешки колега, претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш.

На средбата, информираат од владината прес-служба, беше оценето дека и во иднина ќе продолжи успешната соработка и поддршка која во континуитет ја дава Чешката Република, како во однос на остварувањето на стратешките приоритети, членство во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија, на нашата држава и во насока на преземање соодветни мерки за совладување на економско-здравствената криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Премиерот Заев изразувајќи задоволство и благодарност за поддршката која Чешка ја дава како членка на Вишеградската група (В4), која е една од најангажираните поддржувачи на земјите од Западниот Балкан за исполнување на аспирациите за добивање членство во Европската Унија и зголемениот ангажман на членките на НАТО Алијансата.

Беше истакната и поддршката која Северна Македонија ја добива од Чешката Република, со испраќање на полициски контингент кој учествува во заедничките операции за зголемен надзор на нашата јужна граница кај Гевгелија.

Премиерот Заев и амбасадорот Томан изразија подготвеност за продолжување на билатералните односи и зголемување на економската соработка, преку инвестиции во одделни сектори за поттикнување на растот на економиите во двете земји.

Поврзани новости