Заев: Се работи на документацијата за побрза достава на вакцините од Србија

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште се подготвува документацијата за вакцините од производителот „Фајзер“ што од Србија треба да пристигнат во Северна Македонија.

– Прво се работи за подготовка на техничката документација од „Фајзер“ кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е да стигнат овие, прво 4.000 вакцини, па после и другите 4.000 вакцини тука. Се работи на документацијата. Раководството на Србија, претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ сакат час поскоро тоа да го направат. Затоа вака излегоа во најава. Се трудат. Првиот дел беше договорот во кој се забранува реекспорт, односно репродавање на друга земја, па одлучија да го донираат ова. Само да почне целиот процес и да помогнат на пријателска Северна Македонија, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по днешното рочиште во Граѓанскиот суд за судењето по неговата тужба за клевета против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Примопредавањето на вакцините беше најавено за вчера, но потоа во последен момент беше одложено за наредните денови бидејќи Србија се уште нема добиено одобрение од Фајзер за пренамена на вакцините за македонски пазар.

Поврзани новости