Заев: Се поизвесна е блокада од Бугарија, испраќам порака за пријателство

by Фокус

Се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската унија и покрај позитивната одлука, изјави денес премиерот Зоран Заев.

-Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите – рече Заев во Струмица.

Тој додаде дека очекува одговорност и, како што вели, крик на пријателство од бугарската страна.

-Имаме за 20 месеци 10 состаноци, во декември имаме следен состанок, што ќе се држи веќе помеѓу двете комисии. И за Гоце Делчев сме блиску, во духот на заедништвото, и верувам во сето она што во иднина ќе биде предизвик. Ја испраќам пораката да градиме пријателство. Лесно е да се гради непријателество. Денес европски е да се гради пријателство и да се биде храбар во тие одлуки – потенцира Заев.

Поврзани новости