Заев се пофали на Фејсбук: Медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија

by Fokus

Зоран Заев, премиерот на Македонија, на својот профил на Фејсбук информира дека најмалку пет пати бил интервјуиран откако во Атина, предводејќи ја владината делегација на Конференцијата на „Економист“.

-Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња. Во интервјуата за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз, како и за други медиуми, истакнав дека граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми, но кои се добри и од огромно значење за подобра иднина на земјата и граѓаните, напиша Заев.

Претседателот на Владата додава дека бизнис заедницата на Конференцијата на „Економист“ покажала голем интерес за Македонија со свои иницијативи и намери за инвестирање. Според Заев, интерес искажале и мошне големи компании и дека денеска ќе разговара со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за поширока соработка за, како што вели, подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји.

Поврзани новости