Заев се надева на скоро одблокирање на Парламентот

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во изјава за телевизија Алсат М рече дека се надева оти институциите ќе бидат наскоро одблокирани и оти парламентарното мнозинство прави се што е во негова моќ, во рамки на Уставот и на Деловникот да се најде решение за излез од моменталната состојба.

Заев додаде дека СДСМ и натаму ја има поддршката од албанските партии и оти со нивните лидери имаат редовни средби.

Лидерот на социјалдемократите истакна дека нивни заложби се трезвено дејствување и избегнување провокации и насилства.

Поврзани новости