Заев се надева дека ќе омекне срцето на Макрон

by fokus

Премиерот Зоран Заев, за време на својата работна посета на отворањето на работите за експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, одговарајќи на новинарски парашања, во врска со препораката за започнување на преговори со ЕУ, рече:

Јас верувам дека ќе омекне срцето на претседателот Макрон, ги разбирам отворените внатрешни дебати во Франција, таа е голем пријател. Ако Германија, Франција, Италија, Британија, Австрија и другите земји, одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, и мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема. Секако во духот на тоа разбирање јас се надевам на позитивна одлука, која што во најмала рака секако ќе ја дефинира потврдата на препораката за почнување на преговори, почеток на скенирањето на целиот овој процес, ќе дефинира подготвеност за одржување на Меѓувладините седници од кои што секако произлегува и датумот за преговори, вели Заев.

Поврзани новости