Заев се извини: Зборот „педер“ го употребив како карактерна особина

by fokus

По жестоките реакции на јавноста, вечерва премиерот Зоран Заев упати извинување до ЛГБТ заедницата и рече дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина.

-ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, твитна Заев.

Тој претходно изјави дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја бутнат Владата.

Поврзани новости