Груевски: Заев толку се дереше, оперски пејач да беше – гласот ќе го изгубеше!

by Фокус 10:24
10:24

Го гледам, се однесува како грогиран боксер, буквално растурен од ќотек од нокдауни, пет – шест нокдауни со броње од судијата! Станат, не гледа веќе каде е, мафта со рацете и гледа нешто да удри, нешто да погоди, нешто во матно да фати, пред да го добие конечниот нокаут на 27 април, од грѓаните на Македонија, истакна Груевски, на вчерашниот митинг во Крушево.

Покрај тоа што Груевски, со боксерски речник, сликовито ја опиша позицијата на Заев, си дозволи и да ја прогнозира и иднината на СДСМ и политичката кариера на лидерот Заев.

- Advertisements -

– Знае дека Бранко, кој го постави на оваа позиција, откако во недела ќе биде тешко поразен, многу потешко отколку на 13 април што беше, дека ќе го фати за врат, ќе му удри една клоца за „надвор од партијата, дајте друго дете“. Тој го знае тоа, затоа вака се однесува затоа е во тешка паника, затоа најавуваат негативни кампањи, клевети, монтажи ќе правеле, не знам што ќе правеле, рече Груевски.

Груевски истата вечер на митингот во Прилеп се осврна и на кампањата што ја водеше Заев.

– Го гледавте Зоран Заев како ја водеше кампањата со викање, со дерење. Насилно, со такво едно силење што му се чудев на човеков, што му е што толку многу се дере. На секој митинг по толку дерење, оперски пејач да беше гласот ќе го изгубеше.

А за Стево Пендаровски, кого упорно го нарекуваше Стевче, Груевски рече дека луѓето ќе гласаат за него на „Свети Никад, а можда ни тад“!

Поврзани новости