Заев: СДСМ се откажа од старите салонски навики

by Фокус

Членовите на нашата партија ќе бираат претседател на СДСМ, што е врв на внатрепартиската демокарија. Тоа што особено ме радува е дека паралелно на овој процес имаме и пристапување на нови членови, изјави партискиот лидер и премиер Зоран Заев во Гевгелија на средбата со нови кадри кои пристапиле кон СДСМ.

-СДСМ победува, ужива доверба, но и се менува кон подобро за да им служи на граѓаните и на татковината. Во тек е процес на на ажурирање и активна регистрација на членството на СДСМ, но правиме уште еден чекор кон натамошна демократизација. За првпат во земјава, на 21 март ќе се одржат директни внатрепартиски избори и тоа ќе го направи СДСМ – истакна Заев.

Тој додаде дека во партијата има и недостатоци, но, како што нагласи, затоа се прават промени. Во таа насока, Заев посочи дека СДСМ се откажа од „старите, погрешни салонски навики” и дека денес тоа е партија „блиска до граѓаните“.

-Наместо да ги туркаме најгорливите проблеми под тепих, се впуштивме во решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на нашата земја. Затоа денеска сме горди, денеска сме триесеттата земја – членка на НАТО, со што е исполнета таа стратегиска цел – нагласи лидерот на СДСМ.

Поврзани новости