Заев: СДСМ не ги признава изборите

by Фокус 19:03
19:03

Неколку минути веднаш по завршувањето на изборите по 19 часот, без да се пребројат гласовите лидерот на СДСМ Зоран Заев информираше дека СДСМ и здружената опозиција не ги признаваат ниту претседателските, ниту пак парламенатрните избори.

– Власта на чело со Никола Груевски најбезобразно спроведе нови нефер, недемократски и нецивилизирани избори. Спротивно на уставот и на законите го злоупотребија целиот државен систем исклучиво во свој партиски интерес. Македонската јавност беше сведок на притисоци врз јавната администрација, масовно купување на гласачите на секаде во државава со асистенција на полицијата. Имаше и едномесечен инспекциски притисок врз фирмите и закани врз примателите на социјална помош – ијави Заев.

- Advertising -
"

Заев побара да се формира техничка влада која ќе спроведе нормални и фер претседателски и парламентарни избори. Утре највисоките органи на партијата ќе одлуча што СДСМ ќе прави во иднина.

Поврзани новости