Заев: Само Мицкоски се радува што не бидна датумот, но „мало сутра“ тоа ќе го донесе на власт

by Фокус

Премиерот Зоран Заев синоќа на партиската трибина во Прилеп истакна дека само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се радува за блокадата на францускиот претседател Емануел Макрон на преговорите на земјава со ЕУ.

-Абе човек, државата, државата наша е тоа, само тој среќен целиот исполнет, еве не бидна датумот. И што дека не бидна датумот, мисли дека тоа ќе го донесе на власт. Мало сутра – му порача Заев на Мицкоски.

Инаку, лидерот на СДСМ и премиер на трибината говореше за реформи на патот на евроинтеграциите и за економските политики на владата.

Поврзани новости