Заев-Ривлин: Има можности за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Израел

by fokus

Постои искрено пријателство меѓу двете земји, но и меѓу граѓаните на двете држави. Република Македонија и Република Израел немаат отворени прашања. Затоа има можности за интензивирање на соработката, било констатирано на премиерот Зоран Заев и Руевен Ривлин, претседател на Израел.

Израелскиот претседател Ривлин ги поздрави демократските промени во Македонија и реформските определби на новата Влада, кои што отвораат можности за односите меѓу двете земји.

-Владата е насочена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните и мотивација младите да останат да работат и живеат во родната земја. Интеграциите во ЕУ и НАТО и продлабочувањето на односите со пријателските држави, како со Израел, многу ќе придонесе кон тоа, рекол премиерот Заев.

Поврзани новости