Заев раскажа анегдота на Макрон и Рама: Сите сакаме во ЕУ, како што сакаме и во брак, иако после може да зажалиме

by fokus 09:39
09:39

Премиерот Зоран Заев на Виенскиот економски форум што се оддржа во Софија раскажа анегдота меѓу албанскиот премиер Еди Рама и францускиот претседател Емануел Макрон, во врска со зачленувањето во ЕУ.

„Макрон му рекол на Рама, зошто толку сакате во ЕУ кога уште и ние не сме средени за да ве примиме.

- Advertisements -

Еди му одговорил, абе сакаме, исто како во брак што сите сакаат, а после може и ќе зажалиме“, раскажа Заев, предизвикувајќи насмевки кај присутните.

Премиерот додаде дека ова е шега и дека Македонија верува во Европската Унија.

Поврзани новости