Заев: Работите се движат во наш правец, но не можам да соопштам радосна вест

by Фокус

-Нашите барања се јасни зошто тоа така треба да се постигне, евентуално следниот чекор може да донесе решение. Тешко и мачно е за сите учесници во разговорите, но не се важни нашите суети и нашите позиции вкопани во ровови, одлучуваме за иднината на нашата земја. Договор да има само колку да има договор, а под маса да има местенки, порано или подоцна ќе излезе на површина. Задоволен сум бидејќи работите се движат во наш очекуван правец, но не можам да соопштам радосна вест, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за вчерашната средба во Брисел.

Тој вели дека нема најавено продолжување на преговорите, но ако се случува нешто, лидерот на опозицијата очекува тоа да биде во почетокот на идната недела. Вели дека патот мора да се заврши со потпишување на договор кој ќе биде во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Во недела, опозицијата ќе одржи состанот со граѓанските здруженија за дефинирање на наредните активности на „Граѓаните за Македонија“ за враќање на Македонија во нормала.

Поврзани новости