Заев против лидерска: Ако седнеме со Мицкоски, може само да се скараме со Бугарија

by fokus

Онака како што е поставена опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ние можеме да извлечеме мотивација за нови кавги меѓу Македонија и Бугарија, ако седнеме заедно. Ако сакаме да се скараме со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам.

Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев на прашањето зошто е одбиено барањето на опозицијата за лидерска средба за консензус во врска со проблемите со Бугарија.

– Целта е да го градиме пријателствто и да изнаоѓаме решенија за да продолжиме како што двете земји имаат желба целиот Балкан да се интегрира во Евроската Унија. Но, дефинитивно реториката на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер и раководството не е на помош на тоа што го работиме како земја, за да ја постигнеме нашата стратешка цел, а тоа е следниот чекор за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, нагласи премиерот по денешната седница на Советот за безбедност.

Заев повтори дека тоа што се разговарало со Бугарија е во рамките на Договорот за добрососедство, дека не прават нешто ново и дека сето тоа што го разговараат е обврска на двете страни.

– Разговараме во делот на брзата имплементација на Договорот за во иднина, во делот на решавањето кратко или долго име, во делот на она што претставува проблем за тоа што бугарската Влада тврди дека за неа е проблем и го расчистуваме низ разговори и договори, рече Заев.

Поврзани новости