Заев: Просечната плата расте, продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал!

by Fokus
Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев, напоменувајќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.
-Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија, наведе Заев во статусот.
Нагласи дека Владата создава рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ.
-Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости