Заев презентираше разговори во кои тој бил следен, но и разговори меѓу владини министри

by Фокус

На прес конференцијата која е во тек Заев презентираше неколку разговори на кои се слушаат неговиот глас со други соговорници, но во моментов презентира разговори меѓу двајца владини министри. Конкретно, според Заев, станува збор за министерот за внатрешни Јанкуловска и за финансии Ставрески

Претходно тој рече дека поднел кривични пријави против Мијалков и останати вмеѓани во прислушувањето.

„Ова што ќе го видите ги надминува и најцрните случувања. Во еден свет се Груевски и Мијалков, а во другиот сме сите ние чија приватност и уставни права се погазени.

Нема само разговори меѓу Груевски и Мијалков, сите освен овие двајца. Затоа никогаш не псотои разговор меѓу нив двајца. Ова укажува дека од УБК направиле монструм што слуша и контролира над 20000 граѓани.

Влегле во нашиот наијинтимен дел од животот. Внимателно да следите што правиме, да следи у меѓународната заедница. Ќе одиме чекор по чекор, “ рече Заев.

Поврзани новости