Заев: Преодна влада ќе отвори пат до фер и слободни избори

by Фокус

Масовниот мирен протест и големата поддршка на мирните протести пред Владата, кои имаат натпартиска, граѓанска, мултикултурна димензија ја испраќаат пораката дека решението за оваа криза е преодна влада и заминување на Никола Груевски.

Ова, според СДСМ, го рекол партискиот лидер Зоран Заев на средбата со директорот за Западен Балкан и Централно-европската иницијатива во ЕУ при Министретсвото за надворешни работи на Италија, Андреа Орицио.

– Преодната влада ќе создаде услови за фер и слободни избори и ќе ги отвори перспективите на Македонија – истакнал претседателот Заев.

Поврзани новости