Заев пред Влада: Во Скопје СДСМ води со 21.000, ако продолжи ваквиот тренд ќе имаме градоначалник уште во првиот круг

by Fokus

Дочекавме слобода. Да ви честитам на сите граѓани. Јас сум горд човек што го живее времето на слободни, фер и демократски избори. Преку слободно изразената волја народот ја испрати пораката, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред Влада, каде што се славеше изборната победа.

Заев ги наброи општините во кои победиле уште во првиот круг, меѓу кои Зелениково, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Пехчево, Делчево, Берово, Конче, Струмица, Богданци, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Лозово, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Вевчани, Крушево, Јегуновце..

– Во Скопје од 685 имаме резултати во 499 гласачи места. За нас гласале 75.626, за нашите противници 50. 820. Ако трендот продолжи така имаме победа уште во првиот круг – истакна Заев.

 

Поврзани новости