Заев: Пратеници на ВМРО – ДПМНЕ ги отворија вратите на Собранието

by fokus

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го организирале влезот на толпата што во Собранието со план и умисла сакаше да изврши убиство. Ова на сослушувањето во обвинителството го изјавил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Собранието има пет влеза, демонстрантите се обидоа да влезат само од главниот влез зашто двајца пратеници им ги отворија вратите. На другите влезови челичните шипки и обезбедувањето си го направија своето“, изјави Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека веќе наредниот ден по нападот, тој им простил на сите кои учествувале во насилството, бидејќи така му налагаат неговата вера и совест.

„Ако не простувам, нема ништо. Сакам да имам добра и успешна влада, а за тоа да се случи, мора да има и кооперативна опозиција, затоа им простив. Но, потенцирам дека законот важи за сите и кој згрешил мора да сноси последици, изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

Тој денеска даваше исказ во обвинителството за настаните од 27 април и насилството во законодавниот дом.

 

 

Поврзани новости