Заев: Постои решение со Бугарија, двете земји ќе бидат победници

by Fokus

Ние остануваме пријателски насочени кон Бугарија, оти само со пријателство можеме да ги решиме сите проблеми, рече премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

– Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и меѓусебната соработка. Правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности. Посебноста на македонскиот јазик и идентитет се неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија и во Обединетите нации. Тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателство е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите и од взаемното почитување. Ние продолжуваме во пријателски дух и ќе останеме комплетно внимателни во целиот наш наратив, затоа што тврдам дека постои решение од кое двете страни ќе излезат победници. Верувам дека и бугарската страна оди во тој правец – рече Заев.

На новинарско прашање дали компаниите ќе добиваат субвенции доколку вработат луѓе кои ѝ припаѓаат на малцинска група, премиерот рече дека субвенции ќе има за сите и дека тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани.

Поврзани новости