Заев после промоцијата на книгата на Кежаровски: Слободата на еден новинар беше одземена, но вистината секогаш победува!

by fokus

„Слободата на еден новинар беше одземена, но вистината секогаш победува!“. Ова го напиша премиерот Зоран Заев откако присуствуваше на промоцијата на книгата на Томислав Кежаровски, „Живот во кутија“.

-Томислав Кежаровски стана симбол кој секогаш ќе го имаме пред себе кога велиме – Никогаш да не се повтори. Да не дозволиме никогаш повеќе да бидат загрозени слободата на новинарите и слободата на граѓаните. Ми беше чест да присуствувам на промоцијата на неговата книга „Живот во кутија“, напиша Заев на официјалната Фејсбук страница.

Поврзани новости